Над 400 милиони евра стојат замрзнати во НБМ

Bez autora
Sep 16 2010

Банките се' уште мислат дека слободните пари им се најсигурни во Народна банка на Македонија, врзани за благајнички записи. На вчерашната аукција банките купија благајнички записи во вредност од 125 милиони евра, по камата од 4,5 отсто, а вчера, пак, НБМ им врати на банките речиси иста сума врз основа на достасаните благајнички записи. Во НБМ на име благајнички записи се депонирани 402 милиона евра банкарски пари. Ова покажува дека банките имаат многу пари, кои не сакаат да ги пласираат во стопанството, туку во благајничките записи, кои се без ризик, а им носат и најсигурни приходи. Банките се правдаат дека не одобруваат кредити поради високата задолжителна резерва, што ја бара од нив централната банка. Банките инсистираат таа да падне за да им се ослободат пари за кредитирање.

Над 400 милиони евра стојат замрзнати во НБМБанките се' уште мислат дека слободните пари им се најсигурни во Народна банка на Македонија, врзани за благајнички записи.

На вчерашната аукција банките купија благајнички записи во вредност од 125 милиони евра, по камата од 4,5 отсто, а вчера, пак, НБМ им врати на банките речиси иста сума врз основа на достасаните благајнички записи.

Во НБМ на име благајнички записи се депонирани 402 милиона евра банкарски пари. Ова покажува дека банките имаат многу пари, кои не сакаат да ги пласираат во стопанството, туку во благајничките записи, кои се без ризик, а им носат и најсигурни приходи. Банките се правдаат дека не одобруваат кредити поради високата задолжителна резерва, што ја бара од нив централната банка. Банките инсистираат таа да падне за да им се ослободат пари за кредитирање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik